Капитенот на Вардар, Јованка Радичевиќ се наоѓа во 10 на Листата на стрелците на Светското првенство во Германија, а е само една од двете ракометарки кои остануваат на шампионатот и ќе играат и денеска и утре во четврт-финалето.
Доколку Црна Гора успее да го совлада составот на Франција, тогаш Радичевиќ ќе има уште два меча до крајот и ќе може да се надева на првото место на Листата на најдобрите стрелци на шампионатот.
Засега лидер е Кудлач со 44 гола, но денеска Радичевиќ има шанса да ја симне од првата позиција бидејќи со седум гола против Франција ќе успее да дојде до повеќе голови. Сепак, Нора Мерк утре ќе има можност да се врати на врвот.
Во секој случај шансите за Радичевиќ постојат и таа има шанси да бидејќи ако ништо друго, барем меѓу најдобрите три стрелци на овој шампионат.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ – ТОП 10
44 – Каролина Кудлач (Полска)
43 – Сабрина Фиорен (Парагвај)
43 – Ана Грос (Словенија)
42 – Нора Мерк (Норвешка)
42 – Кристина Неагу (Романија)
39 – Кинга Ахрук (Полска)
39 – Лиу Ксиаомеи (Кина)
38 – Јованка Радичевиќ (Црна Гора)
38 – Ана Паула Бело (Бразил)
38 – Азенаиде Карлос (Ангола)


