Уште четири возбудливи дуели на СП: Осум селекции се надеваат на место во четврт-финалето

После вчерашното комплетирање на две четврт-финални двојки денеска ќе бидат познати и другите две откако во термините од 17:30 и 20:30 часот ќе бидат одиграни и другите средби од осминафиналето.

На програмата се уште четири интересни дуели кои се очекува да донесат возбудлив и допадлив ракомет со многу неизвесност, па затоа никој не може предвреме да си ја впише победата и пласманот понатаму. Сепак, извесно е дека Романија, Русија, Холандија и Норвешка влагаат со улогата на фаворити, но тоа ќе треба да го потврдат и на теренот.

Претходно ќе бидат одиграни уште четири средби после кои ќе стане познат пласманот од 17. до 24. место.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА СП

ОСМИНАФИНАЛЕ

РОМАНИЈА – ЧЕШКА    17:30ч

РУСИЈА – Ј. КОРЕЈА        17:30ч

ЈАПОНИЈА – ХОЛАНДИЈА           20:30ч

ШПАНИЈА – НОРВЕШКА              20:30ч

НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН

ЗА 23. МЕСТО

АРГЕНТИНА – ТУНИС     11:30ч

ЗА 21. МЕСТО

ПАРАГВАЈ – КИНА          14:00ч

ЗА 19. МЕСТО

АНГОЛА – КАМЕРУН     11:30ч

ЗА 17. МЕСТО

ПОЛСКА – БРАЗИЛ         14:00ч