Србија е најдобра меѓу елиминираните селекции на СП

Репрезентациите кои веќе завршија со натпреварите на Мундијалот во Германија го имаат и пласманот на кој го финишираа турнирот.

Според она што го прикажаа на средбите од групната фаза и во осминафиналето најголемиот успех го има Србија, па таа се најде пред другите и заврши на 9. позиција. Домаќинот Германија од кој се очекуваше место во четврт-финалето финишираше дури на 12. позиција, додека Светскиот првак од 2013 година е дури на 18. место откако денеска загуби од Полска во пресметката за 17. позиција.

Еве како изгледа пласманот од 9. до 24. место па останува да се види уште како ќе се распоредат најдобрите осум селекции во светот во моментов.

ПЛАСМАН

9. Србија

10. Романија

11. Шпанија

12. Германија

13. Јужна Кореја

14. Унгарија

15. Словенија

16. Јапонија

17. Полска

18. Бразил

19. Ангола

20. Камерун

21. Парагвај

22. Кина

23. Аргентина

24. Тунис