Русинките се намачија со Кореја: На „Зборнаја“ и требаа 70 минути за победа и четфрт-финале

Ракометарките на Русија имаа пет победи на пет средби во групната фаза, а се чинеше дека сè води кон шеста победа бидејќи имаа контрола на средбата против Кореја особено во првото полувреме. Сепак, за да стигнат до триумф им беа потребни 70 минути откако регуларните 60 завршија со нерешени 30:30.

Русинките водеа постојано од стартот, но откако останаа без голманката Калинина работите почнаа да се менуваат. Таа доби директен црвен картон, па почна тежок период во кој Русија се соочи со проблеми. Не беше воопшто лесно да се одигра против Корејките кои иако имаа пет гола негатива при 16:11 на само три минути до крајот на првото полувреме, успеаја на одмор да заминат со 16:13.

Во второто полувреме брзо фатија приклучок, а Русија се соочи со многу проблеми. Корејките не се предаваа и постојано беа близу и успеваа да се спротистават. Беше навистина тешко за да се одбрани голот, а имаше неколку брзи погодоци на двете страни. Во таква игра се влезе со нерешен резултат во финишот, а многу интересни беа последните 2-3 минути.

Кореја поведе со 30:29, а Русија успеа брзо да израмни. На Корејките им останаа 30 секунди за победа, но Уткина успеа да спаси, па средбата отиде во продолженија.

И во нив Русија беше таа која што почна подобро, но која одново не издржа. Кореја знаеше да биде во ритам и да се спротистави така што ги направи интересни и дополнителните десет минути, но после нив на семафорот стоеше 36:35 така што Русија спречи ново големо изненадување и продолжи во следната фаза каде што го чека победникот од дуелот меѓу Шпанија и Норвешка.

РУСИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА            36:35 (30:30, 16:13)

РУСИЈА: Калинина (7 одб.), Уткина (4 одб.), Матлашова, Дмитриева 4/8,, Вјакирева 7/10, Самокина 6/7, Макеева 6/7, Ведекина 9/12, Сабирова 3/4, Малашенко, Манагарова 0/1, Кочетова 0/1, Петрова 1/1, Пунко 0/1, Макина, Маркова

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 10 мин.

ЈУЖНА КОРЕЈА: Парк (6 одб.), Х. Ју (1 одб.), Јеонг (1 одб.), С. Ким 1/2, Јо, Х. Сонг 1/1, Риу 10/20, Чои 2/5, Сим 2/5, Х. Ј. Ким, Канг 1/2, Јие. Сонг, Јиј. Сонг, Ли 11/12, Гим 3/3, С. Ју 4/6.

Седмерци: 8/8, Исклучувања: 2 мин.