Нема четврт-финале за Романија: Чешка во последниот напад до голем триумф

Уште една селекција која влезе во осминафиналето влезе како првопласирана во својата група го напушти Мундијалот откако денеска составот на Чешка успеа во последниот напад да постигне гол за победа од 28:27 против Романија.

Фаворизираните Романки не го издржаа темпото во второто полувреме, па ја загубија предноста што ја имаа создадено после првите 30 минути. Романија водеше со 17:14 после првиот дел од мечот, но тоа не беше доволно за да може и да се победи.

Репрезентативките на Чешка одиграа подобро кога беше најпотребно и постепено ја неутрализираа разликата. Успеаја да надоместат и до крајот на мечот и да израмнат.

Победникот се решаваше во последниот напад, а Чешка имаше концентрирани ракометарки кои реализираа за голем триумф и за пласман меѓу најдобрите осум на светскиот турнир. Стрелец на победничкиот гол беше Михаела Хрбкова.

РОМАНИЈА – ЧЕШКА   27:28 (17:14)

РОМАНИЈА: Деду (1 одб., 1 сед.), Думанска (5 одб.), Удристиу 2/3, Шуц, Гајгер 4/5, Бучески 3/4, Неагу 13/19, Ласло, Попа 0/1, Ардеан Елисеи 1/2, Флоријану, Думанска, Пинеа 2/5, Бербече, Томеску, Татар, Драгут 2/3.

Седмерци: 6/8, Исклучувања: 20 мин.

ЧЕШКА: Кудлачкова (7 одб., 1 сед.), Сатрапова (1 одб.), Мулнерова, Галускова, Рисанкова 5/9, Салцакова, Манакова 1/2, Кордовска, Хрбкова 3/3, Лузумова 6/9, Адамкова, Марцикова, Сетеликова, Захова 1/2, Јерабкова 7/14, Мала 5/6.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 6 мин.