Андреа Лекиќ после поразот на СП: Бевме статични и не го запревме брзиот центар на Црна Гора

За Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ настапот на Светското првенство заврши вчера кога загубија против Црна Гора во мечот од осминафиналето. Од една страна ова е и добро за Вардар бидејќи Лекиќ која беше повредена и недоволно подготвена нема да игра уште неколку средби и ќе може да одмори и да се подготви за вториот дел од сезоната.

Таа причината за поразот од Црна Гора ја најде во недоволното движење и лошото покривање на противничките ракометарки, како и ненавременото враќање после постигнувањето на гол.

„Игравме многу статично и не успеавме да го запреме нивниот брз центар. Многу брзо примавме голови во второто полувреме, но и нападот беше далеку подобар. Потфривме во враќањето во фазата во одбрана. Не ги правевме добро измените во одбрана-напад и тука бевме казнети. Во второто полувреме влеговме многу подобро и со повеќе енергија, но не одговоривме добро на нивниот брз центар, па дозволивме Црна Гора да постигнува лесни голови“, изјави Лекиќ.