Азија без тим во четврт-финале: Јапонија се бореше 70 минути, но Холандија се израдува

И втората селекција од Азија одигра меч во 70 минути на Светското првенство, но не успеа да се избори за победа против ривалот од Европа, па Холандија се најде во следната рунда на Мундијалот во Германија.

После нерешените 20:20 во регуларните 60 минути и овде како и на двобојот меѓу Русија и Јужна Кореја мораше да има дополнителни десет минути. Израмнетата игра од двете полувремиња беше и крунисана со малкуте голови и со ремито од 20:20, па затоа мораше победникот да се решава во продолженијата.

И во нив имаше израмнета игра. Холандија беше постојано во гол предност и успеваше да го издржи големиот притисок. Откако успеа да дојде до плус два беше полесно, а потоа имаше и плус три за 26:23 така што немаше проблем за да се дојде до победа бидејќи на Јапонија и остана време само за погодок за ублажување на поразот.

Со ова Холандија се избори за пресметка со Чешка што значи дека и во тој дуел Холанѓанките ќе влезат како фаворитки.

ЈАПОНИЈА – ХОЛАНДИЈА          24:26 (20:20, 10:10)

ЈАПОНИЈА: Каметани 1/1 (14 одб.), Итано, Нагата, К. Сунами 1/1, Ј. Сунами 3/5, Шиота, Фуџита, Јокошима 0/1, Кацурен 1/2, Тада 2/4, Икехара 5/6, Хара 3/3, Охјама 1/1, Сасаки 1/4, Нагата 2/2, Мацумура 4/9.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 8 мин.

ХОЛАНДИЈА: Јанковиќ (2 одб.), Вестер 0/2 (6 одб.), Крамер, Ван дер Хејден 2/5, Бонт 1/1, Абинг 2/6, Снелдер 1/3, Книпенборг, Брох 4/4, Грот 2/6, Дулфер, Сметс 3/5, Роземален, Малестеин 7/11, Ван дер Висел, Полман 4/6.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 6 мин.