Ракометарките на Ница предводени од македонскиот стратег Марјан Колев забележаа нова победа во францускиот шампионат. Овојпат „жртва“ беше тимот на Ле Авр кој во Ница помина како „бос по трње“ и си замина со пораз од 34:19.
Најдобри поединки беа Мари Франсуа со 7 и Жанела Блонбу со 6 погодоци. Со оваа победа, Ница се наоѓа на третото место со биланс од 7 победи, 1 реми, 2 порази и 25 бодови само 1 помалку од второпласираниот тим Брест Бретањ и 4 помалку од Мец, две екипи кои играат во ЛШ.


