Специјалистот за одбрана, Хенрик Мелгард, со кого ракометарите на Вардар си имаа работа на финалниот дуел од Лигата на шампионите, по три сезони си заминува од Париз и се враќа во татковината, каде ќе го носи дресот на Алборг.
Мелгард потпиша тригодишен договор со данскиот тим. Ова за него ќе биде враќање во Алборг чиј дрес го носеше и претходно. Освен за ПСЖ има играно и за Колдинг и Скјерн, а имаше и авантура во катарската Лехвија.
За националниот тим има играно на 115 натпревари и има постигнато 154 голови.


