Прв пораз за Нант: Кире и колегите капитулираа пред Монпеље

Екипата на Нант после три победи загуби на домашен терен во првенството на Франција со 27:30 од екипата на Монпеље.

Кире Лазаров играше за Нант и постигна два гола од пет обиди. Еден од погодоците беше од линијата од седум метри, но тренерот направи грешка кога го седна на клупа на десетина минути до крајот бидејќи токму тогаш противникот успеа да ја направи разликата и да дојде до победата.

На полувреме Нант водеше со 15:14, а до средината на вториот дел беше неизвесно. И двете екипи играа добро, но откако Тиери Анти одлучи да продолжи да игра без Лазаров, Монпеље успеа да најде начин да ги запре противничките ракометари и со неколку напади да го реши победникот.

Ова е прв пораз за Нант сезоната, а после четири кола има шест бода бидејќи имаше три победи на претходните дуели.