Марковски и Самбр Авенуа се вратија на победнички патеки

Тимот на Самбр Авенуа предводен од македонскиот тренер Иве Марковски, е на добар пат да се бори за водечките позиции во Втората француска лига и за пласман ранг погоре. Во три натпревари овој тим има две победи, иако имаше шанси да има максимален биланс.

Најпрво славеа против Буијарже со 26:31 во првото коло, а потоа загубија дома минимално од составот на Асул Вокс со 26:27. Минатиот викенд девојките на Марковски покажаа уште еднаш одлична игра на гости и победија кај Октевиј Сир Мер со 26:29, а успехот е дотолку поголем бидејќи е остварен со 10 ракометарки во ростерот.

По оваа победа Самбр Авенуа има 7 бодови, што е 2 помалку од лидерот Мерињак, кој има 9. Во следното коло Марковски и неговиот тим ќе го пречекаат Антан Нуаси.