Колев и Ница се ближат кон врвот во Франција

Тимот на Ница предводен од македонскиот тренер Марјан Колев забележа нова победа во францускиот шампионат, овојпат на гостувањето кај Бурж д Пеж со убедливи 28:40, во натпревар од 5 коло.

Колев и Ница се хит на стартот на новата сезона во Франција и со биланс од 3 победи, 1 реми и 1 пораз, се на 4 позиција на табелата со 12 бодови, 3 помалку од лидерот Мец, кој има максимален учинок и 15 бодови. Следен предизвик за тимот на Колев ќе биде домашниот меч со Флери Луар.