Следниот противник на Вардар во Лигата на шампионите, францускиот Нант на Кире Лазаров со победа ја заврши последната „контрола“ пред гостувањето во Скопје. На натпревар од 2 коло во францускиот шампионат, Нант дома беше подобар од Сесон Рен со 37:30.
Иако во поголемиот дел од првиот дел гостите диктираа темпо и водеа и со 5 голови, 7:12, сепак во второто полувреме домашните „нагазија“ и на Сесон му немаше спас. Нант беше убедлив во вториот дел, 25:16, и на крајот славеше со 38:30. Во игра влегоа сите ракометари, освен голманот Димулен, кој беше одличен против ПИК Сегед.
Лазаров не беше премногу расположен и постигна 3 гола од 9 обиди, додека најдобри стрелци беа Турна со 6 голови, Њокас даде 5, додека по 4 дадоа опасните крила Клајн, Балагер и Матулиќ, а замената на Лазаров, Гурбиндо исто така погоди 4 пати. На голот беше одличен голманот Арно Сифер со 14 одбрани, од кои 2 пенали.


