Одорхеи и Кузмановски се вратија на победнички патеки

По неочекуваниот пораз во претходното коло од тимот на Потаиса Турда, ракометарите на Одорхеи предводени од Драган Ѓукиќ се вратија на победничките патеки, откако славеа на домашен терен над незгодната Стеауа со 26:20.

Триото Кривокапиќ, Драгаш, Михалчеа беа стрелци на по 5 голови, а македонскиот интернационалец Горан Кузмановски даде 2 гола. Во следното коло Одорхеи ќе игра дома против слабиот Фагараш и ќе има нова шанса за бодови.