Констанца го доби „македонскиот“ двобој во Романија

Тимот на Констанца, каде има двајца македонски репрезентативци и уште тројца поранешни ракометари на Вардар и Металург, славеше во „македонскиот“ дуел во Романија на гости кај ЧСМ Букурешт со 26:29.

Гоце Георгиевски беше најдобар поединец во домашниот тим кој се уште се бара себе, иако донесе дузина квалитетни играчи. Десното крило постигна 5 голови, но и тие беа премалку за нешто повеќе од овој натпревар.

Велко Маркоски и Никола Митревски, кој беше еден од јунаците со 15 одбрани, по поразот во минатото коло дома од Сучеава, се „извадоа“ на гостински терен, кај еден од главните конкуренти за врвот.

Фото: Daniel Ivan