Даскаловски и Темишвар со победа над Васлуи се загреваа за Констанца

Тимот на Темишвар, каде сезонава игра само еден македонски интернационалец, Златко Даскаловски, ја забележа првата победа во романскиот шампионат. По минималниот пораз од Дунареа Калараши со 24:23 во првото коло, во второто на домашен терен, Темишвар го победи составот на Васлуи со 28:23, а дел од заслугите одат на адреса на македонскиот голман.

Даскаловски бранеше во поголем дел од мечот, и забележа 11 одбрани. Во следното коло ќе има „македонски“ двобој во Романија, бидејќи Темишвар и Даскаловски ќе играат против Констанца на Митревски и Маркоски.