Двајцата македонски тренери кои работат во Франција, во женските лиги, Марјан Колев и Иван Марковски имаа победнички викенд во своите конкуренции. Поранешните репрезентативци со тимовите на Ница и Ла Самбр Авенуа, забележаа две победи.
Колев со тимот на Ница на домашен терен успеа да слави над незгодниот состав на Нант со 25:20, додека Марковски во Втората Лига со неговите девојки славеше на гостински терен против Буијарже со 25:31.


