Нант и Лазаров ја продолжуваат жетвата на трофеи

Кире Лазаров и неговиот нов тим Нант продолжуваат со одличните резултати во претсезоната. Новото засилување на Нант имаше уште еден одличен викенд, а неговиот клуб е победник на турнирот „Челенџ Кристоф Карти” во Брест. Во финалето Нант го совлада Сен Рафаел со 37:32 со доминантна игра во текот на целиот натпревар.

Пред освојувањето на овој турнир, Нант славеше и на „Шпаркасе Купот” во Германија и на „Монт ханд” турнирот во францускиот град Ван. Добрата форма на францускиот тим е одлична најава за официјалните натпревари во Франција и во Европа.