Репрезентативецот Велко Маркоски, својата кариера ќе ја продолжи во романскиот шампионат, во дресот на Доброгеа Суд, или попозната како Констанца. До лани таму играше Бранко Ангеловски, а во новата сезона на голот ќе биде Никола Митревски. Маркоски го продолжи договорот со хрватскиот шампион Загреб и се реши повторно на интернационална сцена да побара нов предизвик во кариерата, иако имаше комбинација и за камбек во Македонија.
Во Загреб играше две сезони и беше значајна алка во одбраната во времето на Веселин Вујовиќ. Потоа на клупата беа Силвијо Ивандија и Славко Голужа, но ниту еден од нив не му даваша голема минутажа на нашиот репрезентативец. Маркоски потекнува од Струга, а потоа дојде во Скопје, каде 11 сезони ги носеше дресовите на Вардар и Металург, со кои играше во СЕХА и во Лигата на шампионите. По една полусезона мина во редовите на Работнички и на Струмица, пред да замине во Загреб, чиј играч беше две сезони.
Во романскиот шампионат играат уште голманот Златко Даскаловски во Темишвар, потоа десното крило Гоце Георгиевски во ЧСМ Букурешт, како и средниот бек Горан Кузмановски, кој долги години е предводник на составот на Одорхеи.


