Македонија не треба да стравува за ракометната иднина! (ФОТО)

По поразот од Унгарија во дуелот за петтото место на Мундијалот во Алжир нема разочарување во македонскиот табор. Овие момци покажаа дека имаат квалитет да се носат рамо до рамо со најсилните светски репрезентации.

Иако на последниот меч не беше забележана победа, сепак историскиот успех на ова големо натпреварување заслужува големо внимание од ракометната и воопшто спортска јавност. Младинците се враќаат во Скопје рано наутро во вторник.