По убедливата победа над Русија со 36:27, младинската репрезентација на Македонија ќе биде најмалку шеста во светот! Но, има шанса да биде и место погоре доколку биде подобра од победникот од дуелот меѓу Унгарија и Тунис. Да посакаме и утре околу 16 часот да има вакво победничко селфи како денешното после мечот со Русија….



