По поразот во четвртфиналето на Мундијалот во Алжир од силната Франција, македонската младинска репрезентација ќе разигрува за пласман од 5 до 8 место. Следен противник на избраниците на Илија Темелковски ќе биде репрезентацијата на Русија, селекција што веќе еднаш ја совладавме во прелиминирната фаза.
Но на утрешниот дуел најверојатно ќе бидеме ослабени за неиграњето на двајца ракометари, Горан Крстевски (рамото) и Филип Арсеновски (зглобот на ногата). Двајцата заработија повреди на дуелот од осминафиналето со Алжир, а Темелковски можеби нема да смета и на Марко Нелоски, кој исто така има проблем со повреда.
Дуелот со Русија се игра утре со почеток во 13:30 часот.


