Француските ѕвезди стојат на патот до полуфиналето

По убедливата победа над домаќинот на Мундијалот во Алжир со 20:24 во осминафиналниот дуел, следува најголемиот предизвик досега за македонската младинската репрезентација. Противник во четвртфиналето на избраниците на Илија Темелковски ќе биде еден од главните фаворити за златниот медал, Франција.

„Галските петли“ се предводени од десниот бек на Барселона, Дика Мем, а тука се и опасните Мелвин Ричардсон и десното крило на каталонците, Јанис Лене. Тие се намачија во осминафиналето против Фарски Острови и славеа само со 28:25, но тоа не треба да не залаже, бидејќи и понатаму важат за главни фаворити за златото.

Мечот што може да ја однесе Македонија во борбата за медалите ќе се игра денеска со почеток во 19:30 минути.