Франција со предност на полувреме: Македонци не се предавајте, има уште 30 минути!

Во овие моменти младинската машка ракометна репрезентација на Македонија го игра четвртфиналниот натпревар против Франција на Мундијалот во Алжир. Избраниците на Илија Темелковски по првиот дел имаат негатива од 5 голови.

„Триколорите“ направија предност од 3 голови во 10 минута, 6:3, но брзо се вративме на 6:6. Сепак техничките грешки во нападот и дадоа можност на Франција да се одлепи 11:7, па на 12:8.  Иако Томовски одбрани неколку зицери повторно грешевме во напад и Французите заминаа со предност од 13:8 на пауза.

https://www.youtube.com/watch?v=ksBjs00T6qA