Македонија славеше над Алжир со 24:20 и ја мина осминафиналната пречка на Мундијалот кој се одржува во истата земја. Вистински предизвик ќе имаат нашите младинци во четвртфиналето каде ќе се соочат со топ фаворитот Франција.
Успехот е уште поголем ако се знае дека сите четири селекции од нашата група кои се пласираа во елиминациската фаза, ќе играат и во четвртфиналето! Излегува дека сме играле во најтешката група, иако по ждрепката не владееше такво мислење.
Русија направи вистинско изненадување и ја разнесе Хрватска со 34:25, додека Тунис со голема поддршка од публиката стигна до минимален триумф над Исланд со 28:27, додека Шпанија немаше мака и ја победи Аргентина со 27:21.


