Со пласманот во четвртфиналето на Мундијалот во Алжир, младинската машка ракометна репрезентација не само што го направи најголемиот успех во оваа категорија на Мундијалите, туку стана и првата репрезентација во колективен спорт со вакво достигнување.
Иако играа против домаќинот Алжир, пред повеќе од 8.000 гледачи, сепак избраниците на Илија Темелковски покажаа доволно стабилност и покажаа дека во нив има доволно материјал од кој ќе се гради идната сениорска репрезентација. Погледнете ги најдобрите моменти од овој дуел…


