Темелковски со опција плус, се комплетира составот на Македонија

Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија вечерва го игра осминафиналниот дуел на Мундијалот во Алжир, токму против домаќинот. Откако беше суспендиран на два натпревари, поради синиот картон на дуелот со Тунис, во ростерот се враќа десното крило Томи Јагуриновски.

Тоа ќе биде опција плус за селекторот Илија Темелковски во ротацијата, бидејќи Јагуриновски може да покрие и на позицијата десен бек. На таа страна ги имаме уште Мартин Велковски и Мице Шилегов. Дуелот против Алжир се игра вечерва со почеток во 21:45 часот.