На радоста и нема крај: Славје во соблекувалната на Македонија (ВИДЕО)

Се започна во средината на вториот дел, серија од која Македонија на крајот излезе како победник и ја замолкна арената во Алжир. Младите македонски ракометари се радуваа и им честитаа на расплаканите Алжирци за одличниот натпревар и коректниот однос на теренот. Започна прославата, а атмосферата од терен…

… продолжи во соблекувалните. Стручниот штаб и младите македонски ракометари го направија најголемиот успех кога се во прашање младите категории, па затоа на радоста и немаше крај.