Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија одигра најдобро кога беше најпотребно и во решавачкиот меч од групата Ц го совлада Бразил со 28:23, со што ја заврши групната фаза на второто место и обезбеди пласман меѓу 16 најдобри репрезентации во светот. Пикерот Филип Арсеновски вели дека дуелот со Бразил бил исцпрувачки, но дека веднаш почнуваат подготовките за четвртфиналниот натпревар со домаќинот….


