Противник на Македонија во осминафиналето на Мундијалот во Алжир ќе биде токму домаќинот. Африканската селекција славеше во последното коло од групната фаза над Саудиска Арабија со 23:21 и го визираше пласманот во следната фаза.
Со овој триумф ја прати Аргентина на четвртото место и ја избегна Шпанија како осминафинален противник. Дуелот меѓу Македонија и Алжир ќе се игра во стандардниот вечерен термин за домаќинот, 21:45 часот, в среда.


