Ракометна треска: За Македонија не се интересни, на Фарските острови се следат на плоштадите (ВИДЕО)

Македонската младинска селекција учествува на Светското првенство во Алжир. Од 18ти до 30ти јули Македонија ќе се бори за врвот на светскиот ракомет заедно со најдобрите врсници од светот. Но поддршката на националната селекција од македонските ТВ куќи овојпат изостана, затоа македонските граѓани се принудени да се снаоѓаат со интернет линкови и стримови за да ја бодрат иднината на македонскиот ракомет.

Ако за младинската фудбалска репрезентација постоеше интерес што на крај резултираше со директен пренос на една локална телевизија, ракометарите не се доволно атрактивни и интересни да ги добијат своите минути во македонскиот ТВ етер. Затоа на северот на Европа сликата е сосема поинаква. Жителите на Фарските Острови секојдневно се собираат на плоштадот во главниот град Торшавн каде ги следат натпреварите на нивната младинска селекција. Ракометната треска во оваа мала земја им донесе и прва радост откако Фарските Острови ја совладаа селекцијата на Чиле со 31-28 на отворањето на мундијалот.

Следниот натпревар Фарските Острови го играат денес против Јужна Кореа, додека Македонија ќе има полесна задача во дуелот со аутсајдерот Буркина Фасо.