Талески: Знаевме од каде доаѓа најголемата опасност (ВИДЕО)

Капитенот на младинската македонска репрезентација Филип Талески, кога најмногу требаше погодуваше, асистираше и ги „повлече“ своите колеги во походот кон победата над Русија. Македонија славеше убедливо со 29:22, и си ги отвори вратите кон осминафиналето на Мундијалот во Алжир. Талески вели дека играта на Русија била доволно анализирана и дека успешно беа затворени нивните најдобри играчи. Целосната изјава погледнете ја во видеото подолу….