Атмосфера на ниво пред дуелот со Буркина Фасо: Младинците спремни за нова победа (ФОТО+ВИДЕО)

Младинската машка репрезентација на Македонија денеска одржа тренинг во пресрет на мечот од второто коло на Мундијалот против тоталната непознаница Буркина Фасо. Ако се суди според нивниот прв дуел против Тунис, тогаш не треба да имаме проблем и може да очекуваме победа со двоцифрена разлика.

Атмосферата во националниот тим е одлична по стартната победа над Русија, а очекуваната втора над Буркина Фасо ќе ја однесе Македонија во осминафиналето на Мундијалот. Погледнете дел од атмосферата на тренингот низ фотографиите и видео прилогот…