Поранешната ракометарка на македонскиот шампион Вардар, а сега на францускиот Брест Бретања, направи операција и ќе биде надвор од терените во следните шест месеци. Се работи за зглобот на десната нога, па по неколку одложувања, конечно беше направена интервенцијата.
Со оглед на паузата, сосем извесно е дека некогашната вардарка ќе го пропушти настапот на Франција на Мундијалот во Германија кон крајот на годинава, а нема да ја гледаме ни во дресот на Брест низ дуелите од Лигата на шампионите.
Пино откако си замина од Вардар, настапуваше за Баја Маре во Романија, а мина и половина сезона во словенечкиот Крим, пред да се врати во татковината и да го облече дресот на Ним, за потоа да потпише со амбициозниот Брест.


