Македонија поразена од Катар во вториот пријателски натпревар

По вчерашната победа со 25:24 над Катар во првиот пријателски натпревар, машката младинска репрезентација на Македонија денеска загуби во Доха од истиот противник со 25:23, откако и на полувремето имаше негатива од 13:11. Најдобар поединец во нашиот состав беше Филип Талески со 7 голови, додека Димитриоски и Велковски имаа по 3.

Младинците утре се враќаат во Скопје, каде ќе се работи уште два дена пред заминувањето за Алжир на 16 јули. Настапот на Светското Првенство, Македонија го почнува на 18 јули со дуел против Русија. Во групната фаза, нашите репрезентативци ќе се сретнат уште со Шпанија, Тунис, Бразил и Буркина Фасо. Четирите најдобропласирани селекции од групата, го продолжуваат натпреварувањето во елиминациската фаза.