Познат составот на младинците за пријателските со Катар, веројатно истите патуваат и на Мундијалот

Селекторот на младинската ракометна репрезентација на Македонија го одреди составот на националниот тим за пријателските натпревари со Катар, а веројатно истиот ќе важи и за Мундијалот во Алжир. Од 19 ракометари кои ги поминаа подготовките, отпаднаа тројца, голманот Марко Кизиќ од Вардар 2, ракометарот на Пролет, Михаил Аларов, како и десниот бек на Металург 2, Мартин Серафимов.

Останатите 16 играчи ќе патуваат за Доха, Катар, каде Македонија ќе игра два пријателски натпревари, но сепак останува евентуална можност, доколку има некоја потреба, Темелковски да направи некоја измена и одново да повика некој пред патот за Алжир од избришаните тројца.

Утре се патува за Доха, а враќањето е назад во четврток. Потоа уште два дена тренинзи, пред повторно да се замине на пат, овојпат за Алжир. Македонија е во група со Русија, Бразил, Тунис, Буркина Фасо и Шпанија.