Темелковски: Момците одлично ги одработуваат подготовките, против Катар ќе „вежбаме“ за Тунис

Младинската машка репрезентација на Македонија денеска се врати на тренинзите по еден пауза, откако ги одработи физичките подготовки во Маврово. Селекторот Илија Темелковски повторно ги собра своите избраници пред пријателските натпревари со Катар. Тие патуваат в понеделник, а следните два дена ќе се играат дуелите.

„Задоволен од посветеноста на момците на подготовките во Маврово. Максимално беа посветени и одговорија на моите барања. Малку е тешко да се најдат противници во Европа во овој период, па затоа прифативме да одиме во Катар, што и не е така лошо. И тие ќе играат на Мундијалот, па ќе ни помогнат да се подготвиме за нашиот африкански противник Тунис. Тоа се репрезентации кои негуваат поинаков стил на игра од европскиот и нема да ни биде лесно. На тие два натпревари наше е да го примениме она што го работиме на тренинзите, она што го вежбаме како одбрана и акциите за напад. Анализирав дел од противниците и тие најчесто играат 5-1 одбрана, па се подготвуваме и за тоа.“ – вели Темелковски.

Во поглед на составот, Темелковски истакна дека за Катар ќе патуваат 16 ракометари, што не значи дека нема да има измени меѓу патниците кои би заминале за Алжир на 17 јули.