Македонскиот интернационалец, Бранко Ангеловски, кој долги години го носеше дресот на романската Констанца, на крајот на оваа сезона ја заврши богата кариера. Во изборот на ол стар тимот беа номинирани и Гоце Гоергиевски и Звонко Шундовски, во категориите најдобро десно крило и најдобар тренер, но сепак само Ангеловски имаше нјамногу гласови во категоријата најдобар дефанзивец во лигата.
Тој доби 23 отсто од гласовите, односно вкупно 746 гласвои. Георгиевски, доби 20 % од гласовите и заврши на третото место, додека Шундовски заврши на второ место во неговата категорија со 25%, односно 800 гласови. Целосната листа на ол-стар тимот може да ја погледнете ТУКА.


