Селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Илија Темелковски, ќе носи 19 ракометари на подготовките во Маврово пред настапот на Мундијалот во Алжир, кој ќе се одржи од 18 до 30 јули.
По подготовките во Маврово, репрезентацијата би требало да замине порано за Алжир и да одигра пријателски натпревари на африканскиот континент, но тие детали се уште не се прецизирани. Македонија ќе биде дел од групата Ц со Шпанија, Тунис, Бразил, Русија и Буркина Фасо.
На списокот се наоѓа и капитенот Филип Талески, кој не доби дозвола за настап од неговиот клуб Рајн Некар Левен, бидејќи во исто време со Мундијалот во Алжир, ги започнува подготовките. Сепак, веројатно РФМ ќе издејствува Талески за последен пат да има младински настап на големо натпреварување, бидејќи репрезентацијата со и без него не е иста.



