Белоруската репрезентативка Дијана Илина, од следната сезона ќе го носи дресот на романскиот тим Дунареа Браила. Таа поради малата минутажа реши да си замине од европскиот вицепрвак Вардар и среќата да ја побара на друго место.
Илина помина една сезона во „црвено-црниот“ тим, но немаше голема шанса да ги покаже своите квалитети, а најчесто не беше ниту во составот. Интересно, таа постигна само 3 голови во ЛШ, а единствениот гол против Турингер, влезе во ТОП 5 голови на ЕХФ.
За 21-годишната ракометарка, која дебитираше за сениорската репрезентација на Белорусија на 17 години, ова ќе биде трето интернационално искуство, по настапите во Русија за Астраханочка и во Македонија за Вардар.


