Митревски добива соиграч од Металург во Констанца

По завршувањето на играчката кариера на Бранко Ангеловски, романска Констанца веднаш ангажираше ракометар од Балканот на позицијата лев/среден бек. Станува збор за доскорешниот ракометар на Металург, Немања Младеновиќ, кој ќе му биде соиграч на репрезентативниот голман Никола Митревски, кој исто така потпиша за Констанца.

22-годишниот Младеновиќ потпиша двегодишен договор дојде на почетокот на сезоната во Металург, а претходно играше за Гумберзбах, Веспрем и Сесон Рен. Повредата го одвои од теренот во поголемиот дел од сезоната, и не покажа со каков потенцијал располага, па разделбата беше неминовна.