Македонскиот интернационалец Горан Кузманоски во следните две години ќе биде ракометар на романскиот Одорхеи. Тој веќе има долг стаж од 7 години во овој романски тим, а во финишот на сезоната беше и на клупата најпрво како помошник, а потоа и како главен тренер.
35-годишниот среден бек потекнува од школата на ТК Бренд, а потоа беше дел од екипите на Вардар, Металург и Пролет, додека на интернационална сцена играше за Мадеира во Португалија, за шведски Трелеборг, а од 2011 е во Одорхеи.
Во сезонава која штотуку заврши, во оваа екипа играа уште двајца Македонци, Гоце Ојлески и Милорад Кукоски, но тие на лето ќе имаат нови предизвици во кариерата.


