Ракометарите на ЧСМ Букурешт ќе се борат за шампионската титула во Романија! Тимот кој од клупата е предводен од поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски, а на теренот од репрезентативецот Гоце Георгиевски, забележа победа во мајсторката со Потаиса Турда на гости со 22:24.
Георгиевски постигна 4 голови со кои беше втор стрелец во победничкиот тим. Противник на ЧСМ Букурешт во големото финале ќе биде градскиот ривал Динамо Букурешт, а финалната серија почнува на 31 мај.


