Откако го обезбедија најголемото засилување за следната сезона, Кристина Неагу, раководните луѓе на европскиот првак ЧСМ Букурешт, ги продолжија договорите со дел од ракометарките од постоечкиот играчки кадар.
Голманката Јелена Грубишиќ, која пред две сезони од Ѓер се пресели во Букурешт, го продолжи договорот за една сезона и заедно со Паула Унгуреану ќе го сочинуваат голманскиот тандем, кој сезонава многупати го извади тимот од големи проблеми.
Десниот бек Камил Ајглон Сурина, лани дојде од францускиот шампионат како замена за Лине Јоргенсен кога тогаш беше повредена и веднаш ги покажа своите квалитети. Како и Грубишиќ и таа го продолжи договорот за уште една сезона.
Данската репрезентативка Лине Јоргенсен, беше една од првите ракометарки кои му пристапија на ЧСМ во периодот кога се правеше дрим тимот, но не се изнаигра поради проблемите со повреди. Сепак, добрите десните бекови се реткост на ракометниот пазар, па романскиот тим и понуди нов двегоишен договор, што беше прифатен од страна на Јоргенсен.
Нов договор, на две сезони потпиша и Њиосан Ниомбла, која лани дојде од Флери Луар во ЧСМ Букурешт. Сезонава заедно со Гулден се движечката сила на европскиот првак од бековската линија.


