Ливриниќ и Јовановска со Данубиус Галаци до минимална победа над Роман

Елена Ливриниќ и Дајана Јовановска со својот Данубиус Галаци стигнаа до драматична победа над тимот на Роман со 27:26. Ливриниќ во овој важен триумф за опстанокот постигна 3 голови.

Јована Саздовска исто така имаше солидно издание, но тоа не беше доволно за нејзиниот тим да забележи позитивен резултат. Магура загуби на домашен терен со 25:30 од Рамницу Валчеа за која не игра повредената Андреа Белеска.