Тимот на Балатонфуреди, каде настапува македонскиот интернационалец Михаил Петровски славеше над Комло со 24:19 во Купот на Унгарија и се пласира во полуфиналето. Десниот бек беше најдобар во неговиот клуб и постигна 6 голови. Со оваа победа Балатонфуреди се пласира во полуфиналето на унгарскиот Куп, а следен противник ќе биде една од екипите на Татабања, Чурго или Ференцварош, додека Веспрем и ПИК Сегед директно се пласирани на Ф4. На пресот по мечот, тренерот на Балатонфуреди, Иштван Чокнаи говореше и за задржување на ростерот за следната година.
„На капитенот Нандор Фазекаш и на Михаил Петровски договорите им истекуваат оваа сезона. За Фазекаш со сигурност можам да кажам дека ги прифати условите и тој останува кај нас минимум уште една сезона. Петровски го посакуваме во нашиот тим и му понудивме нов двегодишен договор со подобрени услови за продолжување на соработката. Во разговорот со него, има желба да се врати во Македонија, каде преговара со некои клубови што го посакуваат во нивните редови. Во текот на месецов ќе се знае дали останува или не.” – изјави Чокнаи за унгарските медиуми.
Петровски потекнува од школата на битолски Пелистер, а има настапувано и за Вардар, францускиот Валанс, романската Констанца, како и данските екипи Рингстед и Архус. Балатонфуреди следниот викенд го очекува дуелот проритв Орошази, каде игра пикерот Никола Маркоски, па ќе гледаме македонски дуел во Унгарија.
Фото: oroscafe.hu


