Бундеслигашот Фуксе Берлин и унгарскиот првак Веспрем се на добар пат да ги „разменат“ десните бекови. Откако Марко Копљар не ги оправда големите очекувања во Унгарија, ќе мора да си бара нов клуб, а во своето досие покрај настапите за Загреб, Барселона, ПСЖ и Веспрем, ќе го стави и името на силниот Фуксе Берлин, каде ќе игра заедно со сонародниците Драго Вуковиќ и Јаков Гојун.
Во спротивен правец, би требало да се пресели ракометарот кој одигра одлично на Мундијалот во Франција со репрезентацијата на Норвешка, Кент Робин Тонесен. Тој имаше големи проблеми со повреди, но покажа дека тоа е зад него и дека може да игра на врвно ниво. Ако се знае дека новиот тренер на Веспрем, Љубомир Врањеш форсира работа со млади ракометари, тогаш Тонесен сигурно одлично би се вклопил во новата унгарска приказна. Претходно норвешкиот интернационалец ги носеше дресовите на Фјелхамер, Хаслум, Савехоф и Вецлар.


