Плејмејкерот на Целје Пивоварна Лашко, Миха Зарабец одигра одлично на Мундијалот во Франција. Иако не беше којзнае колку голгетерски расположен, сепак беше најдобар асистент во составот на Вујовиќ и одигра за тимот. Ако досега имаше две понуди за започнување на кариера надвор од Словенија, по СП бројот на заинтересираните клубови рапидно расте.
Белорускиот Брест Мешков, кој на крајот на сезоната ќе остане без средниот бек Павел Атман е прв во редот заинтересирани. Двата француски тима, Монпелје и Шамбери, исто така го имаат во нивните планови, а и полската Висла е спремна да го донесе во своите редови. Последна во редот барем засега, е Барселона, која во меѓувреме го ангажира неговиот репрезентативен колега, Јуре Доленец.
Зарабец има уште една година договор со словенечкиот првак, па онаа екипа која ќе го ангажира во своите редови, ќе треба да плати соодветно обештетување. Средниот бек со Целје се враќаат на клупските обврски, и ги очекуваат настапите во СЕХА Лигата и во Лигата на шампионите, каде словенечкиот тим има шанса за пласман во осминафиналето.


