Српскиот интернационалец Давор Чутура, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на францускиот второлигаш Лимож. Откако по само неколку месеци без да ги оправда очекувањата, ги напушти Еурофарм Работник и Македонија, Чутура веднаш си најде нов ангажман.
36-годишниот лев/среден бек најдобрите моменти од кариерата ги помина во Шпанија, во дресовите на Теукро, Арате, Грањолерс и Ваљадолид, додека во Португалија играше за Бенфика, а ги носеше дресовите и на катарските клуови Ал Ахли и Ал Кијад.


