Татран Прешов го посакува Бабиќ на клупата

Словачкиот шампион Татран Прешов, кој со години нема конкуренција на домашната, но се мачи да направи некој подобар резултат на европската сцена, го посакува сега веќе поранешниот хрватски селектор Жељко Бабиќ.

Управата на словачкиот тим имала желба уште сега да го преземе тимот, но Бабиќ не се чувствувал подготвен за следниот предизвик и затоа најверојатно ќе застане на чело на Татран oва лето. Моментално, предводник на Татран е Растислав Тртик.

Бабиќ пред да седне на кормилото на Хрватска, го водеше тимот на Брест Мешков.